Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку Ковачевски се бори за женските права, видовме кога навреди пратеничка

Ковачевски до пратениците: Има потенцијал мнозинството да расте ако ѝ се даде шанса на совеста

„Ковачевски едно зборува кога станува збор за жените во Македонија, а друго применува. Колку Ковачевски се грижи и бори за жените и женските права македонската јавност можеше да се увери во Собрание кога на јавна седница навреди пратеничка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Да биде уште полошо, за Ковачевски таа навреда е нормална и се уште нема доблест јавно да се извини да си ја признае грешката, туку дрско користеше празник за да каже дека бил погрешно разбран“, рекоа оттаму.

Според нив, тој, наместо да се извини, глумел дека е жртва и го злоупотребил своето семејство.

„Додека лаже на јавни собири, тој се уште се нема извинето за покажаниот шовинизам пред целата јавност“, посочија од опозициската партија.

Можете да прочитате

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност