Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и покрај изгласаната недоверба, во партиска служба и заштита на криминалите на СДСМ

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Главниот обвинител, Љупчо Коцевски дословно и покорно ги слуша пораките и наредбите кои му доаѓаат од партијата СДС.


Наместо да служи на граѓаните и на правдата, Коцевски се стави во партиска служба и заштита на криминалите и криминалците од редовите на СДС.

На денот на гласањето недоверба во македонското Собрание, освен што пратениците на СДС го поддржаа истите му упатија и јасна порака, или е „со штитот или на него“.

Па така, Коцевски буквално ја сфатил и дословно си ја применува пораката, и наместо на народот и служи на партијата.

Како што до сега ги бранеше, така и во периодот што следи ќе продолжи да ги штити од одговорност сите функционери на СДС вклучени и фатени во сериозни криминали.

Очигледно е дека Коцевски до последно ќе си обработува за подарената фотелја од СДС и дека, и покрај изгласаната интерпелација, нема да си поднесе оставка.

Затоа што нему, поважна му е удобната фотелја од спроведувањето на правдата во државата, а угледот и интегритетот на правосудството ниту го интересира.

Тоа што довербата на граѓаните во правосудството е сведена на статистичка грешка од само 2%, за Коцевски е небитно, важно тој да си одработи и како до сега, да ги заштити криминалците од СДС.

Но и покрај неговата заштита, Коцевски треба да знае дека ќе дојде време на одговорност на тие кои ги штити, ама и на тие кои ги штитат.

Одговорност за криминалот и за непостапувањето против криминалот, ќе има.

Не сите обвинители се Коцевски. Во правосудниот систем има професионалци и луѓе со интегритет кои сакаат да си ја вршат работата согласно закон и за кои правдата е светост.

Затоа, нашиот апел е упатен токму кон нив, ги охрабруваме да продолжат професионално и согласно закон да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците од партиските истурени кадри во институциите.

Доаѓа време за одговорност, владеење на правото и правдата во државата.

Можете да прочитате

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје