Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски и Арсовска да се извини што ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги „багра“

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски и Арсовска да се извини што ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги „багра“

„Во отсуство на Данела Арсовска нејзиниот заменик ги почести приватните превозници во градот Скопје со сочни навреди. Ова е лицето на Тачела коалицијата во која припаѓа и заменикот на Данела, Александар Трајановски. Имено Трајановски приватните превозници ги нарече „багра“ – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека „ова е крајно срамно и недоличен речник за еден функционер во Скопје. Да се навредуваат луѓе кои вредно работат и со чесен труд ги прехрануваат своите семејства е под секое ниво. Ако вака комуницираат со Данела Арсовска и се нарекуваат со погрдни зборови, не значи дека нивниот коалициски речник доликува да биде јавно искажан во Советот. Но речникот на секој човек, па и на заменикот на Данела е израз на неговата домашна култура и воспитание. Тој е должен за овие навреди кон превозниците и рушењето на дигнитетот на градот, јавно да се извини“.

„Данела Арсовска исто така треба да се дистанцира од изјавата на својот заменик, а Ковачевски како патрон на оваа коалиција да ја осуди, бидејќи во спротивно ќе значи дека стојат зад ваквите квалификации и ваквиот речник. Арсовска и нејзиниот заменик Трајановски се должни да поднесат информација за состојбите во јавниот превоз, за состојбите во ЈСП и долговите кон приватните превозници“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт