Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката каде директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски

ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката каде директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски

Здравствениот систем во Македонија наместо да служи да ги лекува граѓаните, првенствено се користи за матни зделки и бизниси со кои поединци се богатат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Па така Клиниката за хематологија каде директорува Пановска како по правило ја продолжува праксата да доделува тендери на веледрогеријата на Пановски. Или со други зборови Клиниката кај што е директор ќерката доделува милионски тендери на веледрогеријата во сопственост на таткото.

Оваа година исплатата изнесува 3 милиони евра. Таткото Пановски бил единствен понудувач, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од страна на ќерката Пановска. Како ли не и било срам на ќерката да доделува тендери на фирмата на својот татко, и тоа редовно неколку години наназад?“, прашуваат од опозициската партија.

Ова, според нив, е спротивно на сите законски и морални принципи и ним око не им трепнува. Ова, како што додаваат, е дел од еден систем кој го подрива здравството и овозможува некој да се богати на сметка на граѓаните а пред се на пациентите.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме