Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Клиентeлизмот на СДС и ДУИ на виделина, штетен мазут доставуван во ТЕЦ Неготино во време на енергетска криза

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите на јавноста. Во време на тешка енергетска криза СДС и ДУИ прекршувале закони, заобиколувале постапки и допуштале низа пропусти се со цел сопствен профит.

Уште еден скандал констатиран на ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година каде се утврдени низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон.

ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката.

Дополнително АД ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на дoговорот.

На штета на јавниот интерес на Македонија, на стопанството и граѓаните раководството на АД ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица.

Дали СДС и ДУИ играле игри со цената на мазутот во време на енергетска криза за остварување на сопствен профит?

Поради кои причини раководството на АД ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака?

Кои се причините и зошто два пати анексирале договор?

Колку јавни повици СДС и ДУИ злоупотребиле на штета на интересот на Македонија и граѓаните?

За чиј интерес работело поранешното раководство на ЕСМ а на штета на државниот интерес во време на енергетска криза?

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина