Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Каква е улогата на Зарко Милошевски во 27 април?

ВМРО-ДПМНЕ: Каква е улогата на Зарко Милошевски во 27 април?

Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити?

Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД.

Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО.

Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека Владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт