
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот.
Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС.
Граѓаните ги препознаа досегашната работа, искрените намери и одлучност Македонија да почне да се развива, затоа и ги избраа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.
На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.
Овие локални избори се значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија и историски промени.
Благодарение на поддршката и довербата од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ издвојува големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево, до сега раководени од кадри на СДС.
Со победата на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје, граѓаните избраа работа, решавање на хаосот и реални проекти за развој на градот.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во останатите општини убедливо победија, наспроти нивните противкандидати.
Од друга страна, пак, на овие избори СДС доживеа уште еден огромен дебакл и сега веќе е трета партија во државата, зад ВРЕДИ, нашиот коалициски партнер.
Со околу 126 илјади гласа, СДС освоени само 6 општини и околу 230 советника. На ова ниво, до сега СДС никогаш не биле.
Ова е јасна порака дека граѓаните се против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. Наместо да се оградат и дистанцираат од него, Филипче и целото раководство на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Заев, човек кој ја распродаде и уништи Македонија.
Тоа граѓаните, не само што веќе не го трпат, туку и жестоко го казнуваат.
На Македонија и треба силна опозиција која со конструктивни политики и со луѓе со кредибилитет, ќе биде коректор на власта. А, Филипче и ова раководство на СДС во моментов се во политички офсајд и без никаков кредибилитет.
Затоа се потребни итни промени во раководството на СДС, време е Филипче да замине од политиката и да ја ослободи партијата за нови и некомпромитирани кадри.



