Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да истражат како семејната фирма на Груби со 4 години по ред загуба купила имот од пола милион евра

Груби: ДУИ може без мене, но нема раскол во партијата

Нервозата кај Артан Груби станува се поочигледна после секој аргумент кој покажува дека неговие блиски луѓе трупаат енормно богатство во време кога сите граѓани осиромашуваат. Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се секнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Централниот регистар 4 години по ред работела со загуби.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73%? Дали Артан Груби ја користел својата позиција во Владата да и овозможи повластици на семејната фирма? Како фирмата на Груби стекнува толкав луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.

Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара