Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

20250928175953 big 730x400 57.webp.webp

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската Партија на Турците на Македонија, водејќи се од интересите на граѓаните и членовите на двете партии донесоа одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници, и самостоен настап на претстојните локални избори во одредени општини.

ДПТМ ќе настапи со кандидати за градоначалници во три општини, до дека во 24 општини ширум Македонија ќе настапи со свои листи со кандидати за советници.


Во општините каде ДПТМ нема свои кандидати за градоначалници, членовите на партијата ќе дадат поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, за што е постигнат стратешки договор за меѓусебна поддршка.

Согласно со овој договор:

Во општините каде што Демократската Партија на Турците на Македонија нема да има свои кандидати за градоначалници и советнички листи ќе бидат поддржани кандидатите за градоначалници и советничките листи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Исклучок претставува Општина Конче каде што Демократската Партија на Турците на Македонија има свој кандидат за градоначалник и своја листа со кандидати за советници.

Додека во општина Центар Жупа и во општина Пласница, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде својата поддршка за кандидатите на градоначалници и за листите за советници од редовите на ДПТМ.

Можете да прочитате

МЗ го престави Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница

Филипче: ЗНАМ ве изневери вас, време е да се вратите дома

Обвинителството за сторијата на ИРЛ: Сите наведени докази Јавното обвинителство ги има предвид и по нив постапува и врши проверки