Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски се покажа дека ја злоупотребуваат ЕУ секогаш кога сакаат да крадат

„Потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни“, Панова бара одговорност од Ковачевски и Груби

Владата на Груби и Ковачевски ја злоупотребуваат Европската Унија за да ги оправдаат своите криминали. Редат европско знаме на измени на закони кои немаат никаква врска со европските вредности. Уште еднаш се покажа дека устата им е полна со европска интеграција кога сакаат да крадат од граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е врвот на нивното лицемерие. Џабе ги редат европските знамиња, кога длабоко во себе се целосна спротивност на европските принципи и вредности. Измените на законите кои се поврзани со изградбата на коридорите немаат ништо заедничко ниту со евроинтеграцијата, ниту со европското законодавство, ниту со европските принципи, а Груби и Ковачевски на тоа ставаат европско знаменце за да шверцерски ги протнат во Собранието.

Зарем изедначување на легални и нелегални градби, зарем зголемувањето на работните часови во една недела, зарем исплатата на стотици милиони евра на уште не почната градба, се европски вредности?!

Се распрсна како меур од сапуница декларативното фалење на оваа власт дека се некаков европски фронт. СДС и ДУИ се само обичен криминален фронт кој ги осиромашува граѓаните, кој ја доведува во подредена ситуација Македонија и кој го суспендира македонското право. Тие се единствениот субјект кој ја загрозува иднината на Македонија“ се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека Груби, Ковачевски и нивната банда ќе одговараат за злоупотребите, за газењето на демократијата и за криминалот. Оваа антиевропска и антимакедонска власт ќе биде поразена од народот во Македонија и потоа ќе следи одговорност и казни, порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода