Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Груби е правно неписмен

Груби: ДУИ може без мене, но нема раскол во партијата
Img 7972

„Груби е правно неспремен“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Заканите се најдобра потврда дека владата на Ковачевски крие скандалозни работи и обврски за кои кривично ќе се одговара бидејќи создале финансиски обврски за државата и ја ставиле во подредена позиција. Договорот кој Артан го крие не е никаков класифициран податок. Груби би требало да знае дека странско правно лице (во случајов Бехтел и Енка) не може да бидат создавач на класифицирана информација. Ниту па има закон со кој истиот се прогласува за деловна тајна“, додаваат тие.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека е добро Груби да одговори со каков степен на доверливост е означен договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка и кој е создавачот на класифицираната информација – договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка.

„Добро е коалициските ортаци да се договорат, Груби кој вели дека договорот е класифициран, и Каевски кој вели дека не е. И треба да знаат дека затвор не им бега“ завршуваат од партијата.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?