Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка после нападот на полицаецот не е достоен да ја врши функцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка истепал граѓанин, МВР да не го крие случајот
Dik 300x250 mk

Власта се обидуваше да го сокрие скандалот со градоначалникот на Крива Паланка кој нападнал полицаец. Но ваков скандал не може да се сокрие. Насилството се случило на на 14-ти јануари, а МВР дури вчера после 4 дена извести дека спровеле информативен разговор со градоначалникот Митовски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека овој случај е далеку од расветлен и нека не помислува МВР на Спасовски ова да го заташка. Ова не може да помине со ослободување или условна казна, бидејќи Митовски беше избран да работи за градот, а не да ги тепа граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека на 14-ти јануари градоначалникот Митовски во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаков повод и пред неколку лица му удрил шлаканици. После овој инцидент, според тврдењето на жртвата биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство да ја повлече пријавата.

Митовски треба да си поднесе оставка, тој веќе не е достоен за функцијата која ја врши. СДС и институциите под нивна контрола колку и да се обидуваат да го заштитат, нема да можат, затоа што народот се охрабри и веќе не им се плаши. Одговорност ќе има, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи од Битола, делчевско и Кочани, возеле пијани

Се подготвува кривична пријава: Директорот на „Комунална хигиена“ уште е во полициска станица

Филмски“ грабеж кај патарината Миладиновци: петмина со оружје ограбија возач