Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Година дена Јавниот обвинител Коцевски е штитот на криминалот и корупцијата на СДС

Vmro Dpmne 1.jpg
Dik 300x250 mk

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Година дена од неговото назначување, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски е штит на криминалот и корупцијата на СДС.


Година дена Љупчо Коцевски, молчеше и ги бранеше членовите на СДС и блиски лица до Заев и Филипче, кои беа поврзувани со одреден криминал. И тоа продолжува и ден денес со тоа што СДС не гласаше за интерпелација на Коцевски, а тој без срам не поднесува оставка од морални причини.

Луѓето кои беа синоним за криминал и корупција се шетаат по улиците слободно, благодарение на Коцевски кој ниту еднаш не застана во одбрана на правдата, туку во одбрана на СДС и лицата блиски до Заев и Филипче.

Иако СДС со месеци го повикуваше Коцевски дека не работел по прописите, сега кога тој треба да си оди од таа функција, на СДС тоа не им одговара затоа што знаат дека нема веќе кој да ги штити.

Затоа, потребна е итна оставка од ЈО Коцевски, и правдата да излезе на виделина. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за правдата и граѓаните да бидат задоволени!

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата