Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги откри кандидатите за 16 општини – Куманово и Центар поддржани од коалицијата ЗНАМ

Img 6012.jpeg

На денешната седница на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ утврди 16 кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година.

Согласно донесената одлука, за општините Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ.


Останатите кандидати за градоначалници се:

  • Сопиште – Јане Мицевски
  • Кичево – Александар Јовановски
  • Крива Паланка – Оливер Алексовски
  • Маврово Ростуше – Онер Јакуповски
  • Кривогаштани – Сашо Граорковски
  • Шуто Оризари – Ерџан Демир
  • Крушево – Нико Чонески
  • Валандово – Ѓоко Камчев
  • Виница – Митко Костадиновски
  • Демир Хисар – Никола Најдовски
  • Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов
  • Радовиш – Љупчо Почивалец
  • Чашка – Дејан Андоновски
  • Прилеп – Дејан Проданоски
  • Струмица – Петар Јанков
  • Неготино – Марија Нацева

Извршниот комитет истакна дека целта е да се обезбеди силно координирана кампања и поддршка на кандидатите, со што ВМРО-ДПМНЕ ќе се стреми кон добри резултати на локалните избори.

Можете да прочитате

Шумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра

Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни

(фото+видео) Граѓаните алармираат: Вардариште предизвикува астми и гушења кај децата