Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги исмева своите Мицевски, Пишев, Ристески, Стојаноска и половина милион Македонци кои се справуваат со дебелината

Whatsapp Image 2024 04 06 At 17.39.22.jpeg

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со во најмала рака кажано безобразно соопштение денес се исмеја со половина милион Македонци кои се справуваат со дебелината, меѓу кои има и истакнати нивни членови и функционери.

„СДС наместо да понудат програма, се занимаваат со броење луѓе по митинзи, па еве нека знаат: Математички четворица собира на 1 м2, или по еден Маричиќ после службен ручек“ стои во безобразното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа освен со Маричиќ со ваквиот речник ВМРО-ДПМНЕ се исмева и со нивните Никола Мицевски, Васил Пишев, Петар Ристески, Дафина Стојаноска и над 28 отсто од населението на земјава.

Ваквиот речинк на опозициската партија, според СДСМ, доаѓа по неуспешниот митинг на опозициската партија, од кој беше јасно дека нивната поддршка е помала од тоа што се обидуваат да претстават и очекуваат, но и по лошиот настап на Мицкоски на дуелот со Ковачевски.

„Навредите кон секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв вицепремиер само ја покажуваат само нивната нервоза. Нервозни се затоа што немаат поддршка на митинзите, ниту успеаа да соберат потиси за Силјановска. Затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Затоа што немаат план за иднината на државата, немаат понуда пред граѓаните и се против Европската унија“ реагираат од СДСМ.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег