Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС

Vmro Dpmne 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС.


Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот.

На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на советници, СДС има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДС имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места.

Да е трагедијата уште поголема, на неколку места во државата, СДС е трета, четврта и пак петта партија. Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје.

СДС си го изгуби и бастионот Струмица и тоа уште во прв круг, а тенденциите се дека ќе ги изгуби скоро сите општини каде се влезени во втор круг, токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДС. Срамни се овие резултати на некогаш големиот Социјалдемократски сојуз.

Нам ни е потребна опозиција која ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет, како Филипче.

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус