Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време 

Vmro.webp.webp

Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница.

Филипче кој како министер за здравство не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето.


Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време за сите здравствени, еколошки и национални порази.

Каде беше Филипче зошто не одговараше и не побара одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово?

За разлика од минатото денес институциите реагираат одговорно, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот во Трубарево.

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ.

Можете да прочитате

Кадмиумот од Трубарово е канцероген, а тоа го дознаваме седум дена по еколошката хаварија

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

Зајкова: Оставки од сите што молчеа додека градот се труеше