Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ефикасна борбата со пожарите во Македонија, додека во Турција евакуирани над 3500 граѓани, во Албанија над 2000, илјадници во Грција и Бугарија

Foto oprema za pozari 2.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Пожари беснеат во целиот регион. Сушното лето и екстремно високите температури во Македонија и регионот предизвикаа пожари, додека ветерот придонесе за нивно брзо ширење.


Во Бугарија беснеат над 240, во Турција над 80, во Грција над 50, Албанија 45 активни пожари, од кои дел стигнаа и до населени мести, но до градови, а за справувањето со огнените стихии, скоро сите земји повикаа меѓународна помош.

Во земјите од регионот последиците од пожарите се огромни, горат куќи, станбени и верски објекти, автомобили, земјоделски површини и насади, цели фарми и изгорени големи шумски површини.

Покрај ваквите материјални штети, земјите од регионот се соочуваат и тешки последици по човечкиот живот, така што во Турција од почетокот на катастрофалните пожари загинаа 17 лица, од кои 13 пожарникари борејќи се огнените стихии, а десетици се повредени. До сега евакуирани и раселени се над 3500 луѓе кои ги напуштиле своите домови. Најкритично е во Бурса е еден од најкритичните, затоа што стигна пламенот стигна до градот при што зафати и куќи.

Во соседна Албанија пожари има скоро на цела територија на државата, најкритично е во јужниот дел каде што огнот стигнал во близина на туристичките градови Саранда и Химара. Евакуирани се над 2000 лица, изгореле над 20 куќи, испразнети се цели села, додека досега изгореле над 450 хектари вегетација, маслинови насади и шумски површини.

Состојбата е сериозна и во Бугарија, каде што до сега има над 240 регистрирани активни пожари. Во пожарите во соседна држава, причинета е голема материјална штета, изгореа станбени и помошни објекти, евакуирани се илјадници граѓани, а земјата побара меѓународна помош.

Апокалиптични сцени од пожарите има во Грција, каде пожарите голтаат се пред себе. Најкритичен е пожарот кај Атина, како и на островите Евбеја и Китира каде што пожарите зафатија цели станбени квартови, гореа куќи, коли, но и против пожарни возила. Изгореа цели маслинови насади, фарми, илјадници хектари шума. Во пожарите загинаа седум лица, десетици се повредени, евакуирани и раселени се жители на цели села и населби.

Како и кај земјите од регионот, пожари има и во Македонија, но далеку во помал број. Кај нас за разлика од таму, нема штети од вакви размери, нема евакуирани и раселени лица, за среќа нема ни жртви. Причинета е само материјална штета во шумска површина, која секако, се надоместува и обновува.

И ова не е резултат на среќа, туку резултат на брзата, навремена и соодветна интервенција на македонските служби. Вчера, на отворен простор, регистрирани биле 20 пожари, десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите достапни ресурси и механизми, службите се мобилизирани и постојано се на терен во борбата со пожарите.

Бројките потврдуваат дека македонските служби успешно се справуваат и голем дел од пожарите се ставаат под контрола или целосно се гаснат.

Можете да прочитате

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден

Обвинител без доверба е ризик за државата