Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, заложништвото на Мицкоски си го направи своето, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, заложништвото на Мицкоски си го направи своето, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е силно против интеграцијата во Европската Унија, истакнуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Очигледно е како што велат, дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето.

Според СДСМ, тие двајца се единствените кои се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани и Мицкоски секојденвно тоа го потврдува.

„Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации. СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи.
Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа“, додаваат од СДСМ.

Оценуваат дека деструкциите на двоецот Мицкоски-Апасиев повторно ќе бидат поразени.

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!