Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе има министер за здравство, меѓу фаворитите Клековски и Андоновска?

Vd direktor saso klekovski.jpg

Арбен Таравари и официјално ја напушти владината коалиција и со тоа во денови се брои неговиот мандат како министер за здравство.

Во јавноста веќе се шпекулира кој би го зазел неговото место.


Иако кружеа информации дека ќе се случи извесна ротација, односно ВРЕДИ да го препушти Министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и за сметка на тоа да го добие Министерството за образование, сепак последните информации говорат дека ВРЕДИ ќе остане без МЗ и нема да добие друго министерско место.

Причината за тоа, како што дознаваме е дека со заминувањето на Таравари и неговите пратеници, ВРЕДИ веќе нема да „тежи“ онолку како при влезот во владината коалиицја.

Од она што се пласира од извори блиски до ВМРО-ДПМНЕ најверојатно оваа партија ќе го преземе и МЗ, а за функцијата прв човек на министерството се споменуваат неколку имиња.

Според информациите што стигнаа до 24инфо.мк, најсериозни кандидати се актуелниот прв човек на Фондот за здравство Сашо Клековски, како и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Во внатрепартиските кругови, Клековски важи за ценет кадар кој успеал да воведе ред во ФЗОМ кој досега нема ниту еден скандал зад него.

Од друга страна, Андоновска е препознаена како долгогодишен лојален член уште од времето на Никола Груевски и која има силна поддршка од „ѓорчепетровското лоби“ предводено првенствено од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

За вечерва закажана е седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ а дали ќе се разговара за преземање на МЗ за сега нема потврда, но како и да е, се очекува во брзо време да се донесе одлука за следните чекори при распределбата на ресорите во владината коалиција.

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот