Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини во правосудството, Кацарска против покачување на пензиите но за повисока судска плата и привилегии

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април. Кацарска во јавноста е запаметена како исклучително репресивна фигура во водење на одредени судски процеси.

Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април.

Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата.

СДС молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари а укинување на пензиите од 7000 денари.

Судството со 2 проценти доверба, Кацарска без кредибилитет и со двојни аршини да се кратат пензии додека од друга страна се бараат судски бонуси и привилегии.

СДС молчи и на дело ја покажува нивната незаитересираност за пензионерите, и ја продолжува праксата од нивно време каде пензионерите добиваа покачување за 150 денари.

СДС да се огради од барањата на нивната продолжена рака во судството Кацарска, за поништување на зголемувањето на пензиите кои таа ги побара од Уставниот суд.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за пензионерите. За покачување на пензиите и зголемување на животниот стандард.

Можете да прочитате

Општина Ресен најави дезинфекција по поплавите во Царев Двор и Дрмени

Кузеска: Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори

„Сите исполнуваат услови“: Премиерот уверуваше во безбедноста, три дена подоцна локал во Кавадарци со двојно повеќе гости од дозволеното