Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го користи Ковачевски како греач на фотелја за премиер од ДУИ

„Премиер Албанец не е ништо ново, кампањата на ДУИ нема да ја коментирам, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се националисти“, порача Ковачевски

ДУИ го гледа Ковачевски само како чувар на фотелјата за премиер од ДУИ, тој за нив нема никаков авторитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Полека но сигурно се покажува кој е вистински газда во владата, а кој е негов извршител. Ковачевски е марионета на Груби и Османи. Прилично непријатна улога на Ковачевски кој е премиер во периодот кој мора да се премости од неговиот претходник до неговиот наследник. За тоа како се договорени треба да си каже самиот Ковачевски, а ова е доказ дека власта троши време само на комбинаторики и тендери наместо да решава проблеми.

Ковачевски само живее во заблуда дека е премиер, во реалноста, од ДУИ му ги бројат деновите кога ќе си замине. Бујар Османи јавно го посрамоти Ковачевски и на отворена сцена го кажа тоа што сите го мислат, дека Ковачевски е само греач на фотелја.

Ковачевски има улога на англиска кралица, додека тој мисли дека е премиер, Груби промовира надзор од 22 милиони евра со фирма за гаќи, ја срамоти државата и го минира проектот. ДУИ само го користи Ковачевски за криминал и за чување на позицијата за премиер од нивната партија“ соопштија од опозициската партија.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ