Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да се согласи и уставните измени да стапат на сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ

ДУИ: Има европско ориентирани пратеници во редовите на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале нејќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно ДУИ порача дека е подготвена да оди во опозиција, ако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени, но интегративците бараат уставните измени да стапат на сила пред формирањето на таа влада.

Можете да прочитате

Професорката Ванковска ја нападна претседателката Силјановска околу војната во Газа

Левица го прашува градоначалникот Стефковски колку илјади евра чинат неговите часовници и облека додека народот нема за леб

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос