Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Државата ја водат криминалци од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ

Најновата анкета на „Евротинк“ за 2022 година и резултатите за корупцијата во Македонија и довербата во судството го потврди она што неколку години го говориме, власта предводена од СДС и ДУИ е најкорумпирана, а судството под директна команда на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според оваа партија, над 71% од испитаниците истакнале дека власта лошо се справува со корупцијата, и дека истата е коренот на проблемот во државата.

Додека високи 51% дале најслаба оцена 1 за справувањето со корупцијата во државата, додека 20% ја оцениле власта со оцена 2. Само 3% од испитаниците на владата и дали оцена 5.

„Скандалите на Генералните секретари на владата Рашковски и Зекири, случајот со Ден Дончев, случајот со проневерувањето со европските пари на Лидија Димова, како и случајот со Луи витон торбата, се само мал дел од илјадниците случаи со корупција и криминал на оваа неспособна власт на СДС и ДУИ. На ова ако се додеде и довербата на граѓаните во судството и обвинителството во државата, јасно е дека државата ја водат криминалци“, посочуваат од партијата на Мицкоски.

Историски најниско ниво на доверба во судството од осамостојувањето на државата со само 6% јасно говори, како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, за спрегите на власта во правосудните органи. Огромни 82% од граѓаните немаат доверба во судските органи во државата.

Оценуваат дека овие резултати се потврда и на претходните меѓународни анкети и извештаи каде што Македонија ја сместува на дното во справување со корупцијата и довербата кон судството.

„Власта на СДС и ДУИ ја водат државата во амбисот. Покрај неспособноста со справување со енергетската и економската криза, граѓаните јасно говорат дека криминалот и корупцијата им е најгорлив проблем. За тоа потребни се превремени парламентарни избори за конечно да ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ“, се подвлекува во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

„Повеќе од дијагноза, кога науката ги менува животите“, настан за подигнување на свеста за хематолошките малигнитети

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба