Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Драмата во Слупчане не може да ја реши Владата на ДУИ која очигледно е дел од истата

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги сопре работите на надзорот за Коридорите 8 и10д

Со само две неплатени сметки ЕВН гаси струја во сите населени места во Македонија. Ова не е случај во Слупчане. Таму се дозволени милионски долгови, а никој не преземал мерки, велат ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

dobivaj vesti na viber

Според опозицијата, драмата во Слупчане трае, а очигледно е резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби. Оттука, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во ваква една ситуција во која жителите на едно населено место не плаќале толку долго струја отвора низа на дилеми, а надлежните мора да дадат одговор на низа на прашања.

-Владата на ДУИ и помалиот коалициски партнер СДСМ и министерот за економија, Крешник Бектеши мора да кажат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја? Дали Владата која се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплати долговите? Дали Владата ќе оди до таму да дозволи евентуално повисоки сметки за струја на државно ниво за да се покрие разликата?, бараат одговор од опозициската партија и велат дека друг одговор нема освен предвремени избори.

 

Можете да прочитате

Тошковски: Се сретнав со родителите во Кочани, не сакам тоа да биде медиумски ПР

Донев: ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на претстојните локални избори

(Видео) Градоначалникот на Кочани до Владата: Слушнете го гласот на граѓаните, отворете ја градинката