Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник, независен кандидат се повлече од трката за вториот круг

Black and white modern vote poster facebook gonderisi 2.jpg
Dik 300x250 mk

Независниот кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод, Милосим Војнески на социјалните мрежи објви дека се повлекува од трката во вториот круг.

Почитувани мои сограѓани, Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори.


По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми.

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.

Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“ вели тој во објавата.

Војнески и претходно бил градоначалник на Македонски Брод, но тогаш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2019 против него била поднесена кривична пријава за противзаконско поставување на директорка на детска градника.

На изборите во неделата Војнески освоил 705 гласа и само со три гласа повеќе од кандидатот на СДСМ Ивица Стојкоски успеа да влезе во вториот круг.

Можете да прочитате

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни“

Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка (ВИДЕО)

Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди