Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дојавите за бомби можеби се хибриден напад, но неспособноста на Ковачевски и Спасовски е очигледна и типична за СДС.
„После три месеци дојави за бомби во училишта, институции, станбени објекти, трговски центри, а сега и аеродром, хотели и спортски објекти, дури сега им текна да побараат меѓународна помош од нашите партнери. Зошто Спасовски и Ковачевски чекаа толку долго? Зошто навреме не ги искористија сите домашни и меѓународни капацитети да се справат со ваквата безбедносна закана која шири тензии и страв кај граѓаните?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неспособноста на Оливер Спасовски, според оваа партија, станува безбедносен проблем за Македонија. Тој, како што додаваат, е веќе осма година на позицијата министер за внатрешни работи. „Резултатот на тоа е опаѓање на професионалноста и авторитетот на полицијата. Поради вработување на партиските кадри и лица со досие, полицијата се доведе во состојба да не може да одговори на заканите по редот и мирот во Македонија“.
Затоа, потенцираат, неопходно е Спасовски да си поднесе оставка, а владата предводена од Ковачевски час поскоро да ја признае својата неспособност и да побара помош од домашни и странски експерти да се влезе во траг и да се санкционираат ваквите дојавувачи на бомби.
Со почит,