Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на БЈБ да одговори кои се клиентите, кои ги користат услугите на семејната фирма

МВР: Лага е дека директорот на БЈБ влијаел во случај каде се тепани полицајци и бил инволвиран син му
Img 7972

„Сашо Тасевски, треба да престане го злоупотребува МВР, за лични работи и самиот да ги даде одговорите пред јавноста која ги бара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Партијата го повикува директорот на БЈБ да одговори пред граѓаните, со што се занимава семејната фирма, регистрирана на домашната адреса, со што тргува, какви услуги нуди и што произведува?

Колкав бизнис е во прашање и кои се клиентите кои што ги користат услугите на фирмата на домашната адреса на Сашо Тасевски, директорот на БЈБ?

„Дали после прикривањето на неколкуте скандали на неговото блиско семејство, следната фаза е отворање на профитабилен бизнис за неговиот син, по стапките на децата и внуците, на неговиот газда Али Ахмети?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Зошто не ја пријавил фирмата до ДКСК, доколку известил дека се почнува семеен бизнис на домашна адреса, бараме да го покаже документот, пријавата, соодветната комуникација со ДКСК. Додека луѓето од власта си тераат приватни милионски бизниси, народот тоне во сиромаштија, поради криминалите кои ги прави власта. Одговорност ќе има пред народот и тоа за сите кои направиле криминал. Одговорноста која ќе следи, од ден на ден е се поблиску“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“