Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Деноноќно работиме за изградба на автопати

Vmro Dpmne 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner


ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше против инвестирање и изградба на капитални инфраструктурни проекти, особено кога станува збор за проекти од стратешко значење за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за изградба и развој на патната инфраструктура во државата.

За таа цел веќе почна изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10Д, на кои деноноќно се изведуваат градежни активности, проследени со експропријација на земјиштето кое се наоѓа на трасите.

За Македонија да ја задржи стратешка положба, ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи и ќе изгради и брза пруга која по текот на коридорот 10.

ВМРО-ДПМНЕ посветено и транспарентно ќе работи, Македонија да ја претвори во центар низ која ќе поминуваат три раскрсници и тоа транспортна, железничка и енергетска раскрсница.

Но, ВМРО-ДПМНЕ секако било и понатаму ќе биде против криминалните начини на склучување на договори за изградба на патишта и капитални инфраструктурни проекти како тие што ги правеше СДС, со кои народните пари наместо за нивна изградба, завршуваат во приватни џебови.

А од друга страна, СДС за седум години власт единствен што направија за патната инфраструктура е играње чочек со зурли и тапани на пуштање во употреба на автопат изграден претходно, исто така, од влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“