Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорката на градинката и Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорката на градинката  и Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце?

Дали директорката на детската градинка „Цветови“ и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце? Или политички се принудени да глумат како да не виделе ништо?, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

ПОтенцираат дека одговорност за брутално истепаното бебе мора да има. Одговорноста, според нив е кај Тренчевска која му ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Гевгелија и и го продолжи мандатот на директорката Стефановска на која ова не и е прв случај на насилство.

„Ги повикуваме Тренчевска и Стефановска уште еднаш да ги видат фотографиите пред следен пат да пуштаат соопштенија дека се работи за детска игра. За овој случај мора да има одговорност и оставки, а не комисии од типот на комисиите на Филипче за Јилдиз, за Ковид трагедиите кои немаа никаква разрешница“, се нагласува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Немањето на одговорност, и покрај тоа што признаваат дека се случил таков инцидент предизвикува во иднина да продолжат таквите инциденти и немили настани“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа