Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Жерновски не е и не може да биде нов лик на СДС

Vmro.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува.

Реформа во СДС нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали.

Жерновски, исто како и Филипче, не е нов лик на македонската политичка сцена. Јавноста многу добро го памети уште во времето на Зоран Заев, кога само за да добие функција прелета од неговата матична партија ЛДП, во СДС.

Тој е исто така неуспешен и скандалозен дипломат, што шеташе по Букурешт претставувајќи се како македонски амбасадор, а за тоа акредитации немаше добиено.

Жерновски, исто така, е запаметен и како неуспешен градежник, кој долго време зборуваше и ширеше паника дека новата трибина на стадионот во Скопје, кај и да е ќе се срушела. Но, годините поминаа, стадионот сосе трибините стои и е жив сведок за лагите и манипулациите на Жерновски.

Тој е познат и по многуте скандали и партизацијата во времето кога беше градоначалник на општина Центар, кој ја превработи општинската администрација и претпријатието „Паркинзи Центар“ со роднини на активисти и членови на раководството на СДС.

Во биографијата на Жерновски, неизоставен дел се јавните настапи на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија.

За него тоа, веројатно и воопшто не било проблем, со оглед на неговото лично потекло и на фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет, но тоа не му дава за право да ги руши и предава македонските позиции.

Со други зборови, како Филипче така и Жерновски не се нови кадри, туку имиња кои се поврзуваат со СДС од транзицијата кои се директни виновници за неуспесите на државата и за поразите на СДС низ годините.

И по сето ова, Жерновски се стави на располагање на СДС заедно со Филипче, да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата.

Така наречените нови сили на СДС се стари и потрошени кадри кои веќе биле раководни позиции и функционери кои ја изневериле довербата на граѓаните и не покажале никакви резултати.

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник

Во Собранието денес ќе се бираат нови министри

Набавка на 100 нови амбулантни возила и уредување на паркингот кај Клиничкиот центар