Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Vmro.webp.webp
300x250 opst2

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Лагите, триковите се карактеристика за раководството на СДС, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев.


Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани.

Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона бизнис од СДС за Бугарија.

Се сеќаваме на кажувањата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов дека финансиски ја помогнал СДС и тоа директно, поточно преку куферче пари за менторот на Филипче, Заев. 

Прашањето сега е, ако Заев земал куферче од Борисов, сега какво куферче земал Филипче?

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи распродавање на ништо што е од Македонија, или тоа  што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно, ново предавство.

За црвените линии на Филипче кои значат само уште еден бонбона бизнис од СДС за официјална Софија, сега има пречка, а тоа е  ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, сега вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта

СДСМ: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ