Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС има докази за вмешаност на поединци од власта во случајот со дрогата нека ги достави до ЈО

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прели чашата.

Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба.

На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност.

Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?

СДС мора да разбере дека ако они крадеа, ние не крадеме. Ако тие даваа пасоши на криминалци, ние не даваме. Ако тие договараа тендери во 4 очи и добиваа автомобили за истото, ние не правиме така. СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела.

Можете да прочитате

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Уапсени повеќе возачи низ државата, возеле без возачка дозвола, со изречена забрана и под дејство на алкохол

Царинската управа лани поднела 213 кривични пријави до ОЈО и ОЈО ГОКК