Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, тогаш Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари земале Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, поточно за завршување на таа работа.


Прашањето следи логично по последните објави на документи на ЦИА.

Дополнително, има ситуација кога говори дека Зоран Заев и Венко Филипче по седумте години власт енормно и необјасниво многу се збогатиле.

Тоа се гледа од тоа што првиот купува удели во авио компании, а вториот има златна виза во Дубаи.

Ова логично прашање заслужува одговор од неколку аспекти. Прво, станува збор за прашање од важност за државата и граѓаните, второ, ако земале пари тоа се нелегални активности.

Граѓаните заслужуваат одговор на ова логично прашање кое се отвори по објава на документи на ЦИА во кои се вели дека Глигоров одбил понуда да земе пари. Значи ако Глигоров одбил, а истото прашање го затворија Заев и Филипче, тие треба да одговорат за колку пари сториле предавство.

Можете да прочитате

Зајкова: Електронската нараквица можеше да избрише некое име од листата на жртви

МВР: Извршувањето на забраната за управување со моторно возило стапува на сила по добивањето на втората порака

Хорор во Скопје: 25-годишник држел девојка како заложник и ја силувал