Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Аферата продолжува – Ковачевски да ги разреши Муслиу, адвокатот Јевтиќ и директорот на Македонски шуми

(Видео) Ковачевски: Никого нема да оставиме сам, кризата ќе ја пребродиме сите заедно

Високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат, органите на прогон да покренат истрага, бараат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата обвинуваат дека 123 високи функционери на власта кријат таен имот во вредност од 30 милиони евра.

„ Аналитичарот на СДС Алберт Муслиу, најпознатиот адвокат на СДС Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски директор на ЈП Македонски шуми и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово се само дел од функционерите кои го кријат својот имот, а се директно поврзани со владата на СДС.

Муслиу дедо на младиот олигарх Дарко Каевски и верен поддржувач на политиките на СДС, пет години не поднел анкетен лист, и покрај тоа што имал законска обврска истото да го стори со оглед дека е назначен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Според информациите со кои располагаме, истиот поседува куќа во Скопје и стан во Центар, а се јавува како основач и сопственик на повеќе правни лица, здруженија и фирма за трговија.

Имено, адвокатот Јевтиќ покрај ангажирањето од страна на функционери на СДС за пишување на тужби за навреди и клевети, е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Истиот тој адвокат кој што сигурно треба да знае дека треба да достави анкетен лист до Антикорупциска, го крие, а поседува стан во Скопје, основач е на адвокатското друштво Тошиќ – Јевтиќ, а од 2020 година ја основал и градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје.

Понатаму, директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски не го ажурирал анкетниот лист, а од претходниот имотен лист јасно се гледа дека истиот поседува куќа во Битола, автомобил, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Додека пак Печински кој е вработен во општина Берово е и член на Управен одбор Здравствен Дом Берово и претседател на спортски клуб, крие куќа во Берово и автомобил.

Прашањето кое треба да се одговори е дали Валентин Груевски и Печински преку не поднесување на нови имотни листови се стекнале со имот на криминален начин и истиот сака да го прикријат?“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја обвинуваат власта дека преку вакво, како што велат, криминално делување свесно ги уништува системот на државата, за што бараат да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ го повикаа премиерот Ковачевски да ги разреши од функциите.

„ Покрај казна за прекршување на законот, бараме институциите да не премолчуваат пред фактите и аргументите и да не се ставаат во одбрана на кршењето на законите во државата, и веднаш да покренат истрага. Органите на прогон служат за да работат согласно законите и Уставот во интерес на граѓаните, а не во интерес на лицата блиски до власта на СДС кои свесно и одговорно прикривале каков и колкав имот поседуваат.

Очигледно е дека една од причините е дека се прикривал имотот се со цел граѓаните да немаат јасна претстава колкаво богатство поседуваат високите владини функционери и блиски до луѓе, додека тие едвај преживуваат.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на аферата „Тајни имоти“ и денеска ќе бидат откриени нови имиња кои што свесно го прекршиле законот и до Државната комисија за спречување на корупција не поднеле точен анкетен лист и покрај фактот што имале обврска истото да го сторат“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!