Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 150 училишта или два клинички центри ќе се направеа со 300 милиони евра, колку што власта веќе му должи на Бехтел

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, намерно лаже за Договорот со Бехтел
Dik 300x250 mk

150 училишта или два клинички центри ќе се направеа со 300 милиони евра, колку што власта веќе му должи на Бехтел, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ново училиште во скоро секое поголемо населено место можеше владата да направи со 300 милиони евра, кои веќе им ги должи на Бехтел, што заради пенали, што заради аванс. Илјадници ученици низ цела Македонија ќе учеа во нови училишта, ако Груби и Ковачевски наместо својот го гледаа интересот на граѓаните.

Со 300 милиони евра владата можеше да изгради два нови клинички центри, како што беше проектот за тој во Скопје, кој власта го раскина, а сега и за него треба да плаќа пенали. СДС Македонија ја чини милиони за пенали и аванси, кои се резултат на нивната неспособност и криминогеност“ се вели во партиското соопштение.

Од опозициската партија сметаат дека се потребни промени, за како што велат, крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните.

Можете да прочитате

Во понеделник и вторник дожд и ветер, од среда до крајот на неделата стабилно време

СДСМ: Македонија на дното по стандардот на живеење, инфлацијата расте и достигна 4,5%

Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци