Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Сме посветени да се погрижиме секое семејство да има полна трпеза за време на празниците

Vlen.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВЛЕН:

Коалицијата ВЛЕН уште еднаш докажува дека е блиску до граѓаните за да им излезе во пресрет, покажувајќи посебна грижа за сите семејства, особено за албанските во овие празнични периоди.


Преку “Новогодишната кошница” нашите граѓани ќе имаат полни трпези за да ја дочекаат оваа година на промени на поинаков начин, уште повеќе и подобро. Оваа мерка, која беше воспоставена за време на Новата година, ќе важи и за месец Рамазан.

Државниот пазарен инспекторат секојдневно е на терен каде трговците ги почитуваат владините мерки, а тоа резултира со тоа што граѓаните се задоволни од оваа мерка бидејќи полесно ги поднесуваат трошоците за крајот на годината.

ВЛЕН се грижи цените на основните производи да бидат поевтини за време на крајот на годината, поставувајќи нови стандарди за грижа за граѓаните. Дека автоматски ги искоренуваме лошите методи што ги инсталираше ДУИ кога ги исмеваа граѓаните додека ги намалуваа цените на луксузните производи помагајќи им на нивните џебови, бидејќи обичните граѓани немаа контакт со оние производи чии цени ги спушти поранешната власт.

ВЛЕН ќе продолжи да се залага за поевтини цени за нашите граѓани и во наредниот период. Се грижиме за благосостојбата и највисокиот стандард на граѓаните. ВЛЕН сега преминува во дела.

За ВЛЕН приоритет се потребите на граѓаните. 

Можете да прочитате

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

Мицкоски: Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, доколку трговците продолжат со неетичко и нечовечно однесување за зголемување на цените на одредени продукти

МОН: Исплатени ученичките и студентските стипендии