Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Случајот „Дурмо Турс” е жив доказ за неуспехот на системот

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Случајот каде осуденото лице за трагедијата во „Ласкарци”, сопственикот на „Дурмо Турс”, повторно не се појави во затвор поради здравствени причини, е жив доказ дека правосудниот систем постојано не успева да ги спроведе своите одлуки. Граѓаните имаат право да се чувствуваат навредени и напуштени од институциите кои треба да ги заштитат. Овој случај објаснува подобро од кој било друг збор зошто ВЛЕН побара и поддржа формирање на Анкетната комисија.

Граѓаните со години чекаа правда, но наместо правда, тие видоа бескрајни изговори и сомнителни медицински извештаи. Оваа практика мора да заврши.

Случајот „Дурмо Турс”, како и „Беса Транс”, палењето на модуларната болница во Тетово и трагедијата во Кочани, не се изолирани случаи. Тие се резултат на модел на неказнивост поставен со децении. Ова се приказни кои покажуваат дека кога државата пропаѓа, луѓето ги губат своите животи.

ВЛЕН очекува Анкетната комисија да го обелодени не само имињата, туку и шемите на лошо управување и корупција што ги овозможија овие трагедии.

Можете да прочитате

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници

Неизвесен стартот на Сејф Сити, МВР размислува за одложување

Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки