Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!

Vredi vlen.jpg
Img 7972

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети се во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го избраа единствениот пат што го знаат, измама.


Тие кажуваат работи во кои самите не веруваат, бидејќи се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар.

Секој пат кога Албанците ќе помислат дека Али Ахмети научил од лекцијата што им ја даде САД ставајќи ја својата сенка, Артан Груби, на црните листи за корупција и крадење, тој повторно смислува „нова идеја” и бара „скенер за политичари”, додека неговиот „скенер” е самиот Артан, кој е нон грата!

Но, ако направиме „скенер на моралот” на оваа коалиција со селотејп, резултатите се шокантни:

Таравари за Али: „ментално болен”, „подобро со ѓаволот отколку со ДУИ”.

Зијадин Села за Али: „криминалец”, „на 27 април се обиде да ме убие”.

Али Ахмети за нив: “Ништожници”.

Ова е „заветот” што сакаат да им го продадат на Албанците, сојуз од навреди, омраза и лични интереси. Коалиција што се држи заедно не по принципи, туку со селотејп.

И ако беа „скенирани” за крадци, Али Ахмети и неговото семејство би влегле во Гинисовата книга на рекорди како рекордери за грабеж и богатење на грбот на Албанците.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии