Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Правичната и соодветна застапеност станува закон

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавост на ВЛЕН:

Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат.


По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ова прашање повеќе не може да се одржува со импровизации и половични решенија. Требаше закон. И денес, конечно, благодарение на ВЛЕН имаме закон.

Овој закон воведува ред таму каде што со години владееше нејасност, воспоставува механизми за спроведување и предвидува координативно тело, предводено од вицепремиер, како гаранција дека правото на Албанците за правична и соодветна застапеност повеќе нема да биде занемарено. Фактот што законот е изработен и во согласност со забелешките на Венецијанската комисија дополнително ја зацврстува оваа одлука.

Сега Собранието е на потег. Ова е момент кога секој треба да покаже дали е на страната на историјата. Повеќе нема место за лажен патриотизам. ВЛЕН не прави врева за правата на Албанците, туку ги претвора во закон.

Албанците не се алатка, туку се ЗАКОН.

Можете да прочитате

Демократски Сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“