Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Конкретен чекор кон патот Тетово-Призрен!

Vlen Logo 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВЛЕН:

Со гордост и фалење, ја споделуваме добрата вест дека е формирана заедничката работна група меѓу Северна Македонија и Косово за стратешкиот проект за изградба на патот Тетово-Призрен! Ова е проект кој со години беше сон за нашите граѓани, а сега со конкретни чекори го претвораме во реалност. Со формирањето на оваа група започнуваме нова фаза на дејствување и посветеност! Преку овој проект ќе поврземе два историски града и ќе го олесниме движењето на граѓаните.


Дел од оваа работна група од коалицијата ВЛЕН е и заменик-министерката за Транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, која ќе ги надгледува сите потребни процедури, со цел овој проект да започне што поскоро и да оди напред со незапирливо темпо. Ние сме во дело, ние сме за промени! Не за ветувања, туку за конкретни резултати. Затоа што граѓаните заслужуваат проекти кои директно влијаат на нивните животи, а овој пат е еден од најважните.

Имињата на членовите на групата се веќе избрани од двете страни и работата ќе започне со највисока професионална посветеност. Во иднина се очекуваат блиска координација и брзи чекори кон фазата на дизајнирање и потоа имплементација на терен.

Доказ за сериозноста на нашата работа е и формално потпишаниот документ, каде се именувани членовите на работната група. Буџетот за фазата на проектирање на тунелот е веќе распределен во годишниот буџет на нашата држава, што гарантира финансиска стабилност и волја овој проект да се заврши до крај.

ВЛЕН не обединува со цел и визија. Како граѓани, патиштата не обединуваат. Патот Тетово-Призрен ќе стане реалност!

Можете да прочитате

Шекеринска: Балканот е клучен за НАТО, решенија за проблемите да се бараат преку соработка

Само претседателката Давкова од Македонија ќе присуствува на погребот на папата Франциск

Судот и’ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија која споделувала службени тајни на „Вибер“