Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти.

Vlen Logo 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Коалиција Вреди:

Смрзнати од страв што се одмотува клопчето во Лотарија и матните зделки на Артан и Прпарим излегуваат на површина, смислиле оригинална идеја – да ги обвинат Изет Меџити, Арбен Таравари и Коалицијата ВЛЕН за нивните коцкарски зделки.

Вакво глумење на удрени досега не е видено во политичкиот плурализам. Еве ги фактите:

Одлуката за основање на Државна Видео Лотарија – ВЛТ со содружник Казинос Аустриа е донесена во 2013 година, кога на власт се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и цвета коалицијата Груевски, Мијалков Ахмети.

Тогаш, вицепремиер е Муса Џафери, кој и денес е пратеник, а министри од ДУИ се Фатмир Бесими и Бујар Османи, кој уште се дел од највисокото партиско раководство на опозицијата.

Ајде да ги разобличиме нивните лицемерни напади:

Бидејќи ДУИ упорно тврди дека Коалицијата ВЛЕН наводно со автентично толкување го вратила монополот на Казинос Аустриа, тогаш нека одговорат зошто 10 години сметано од 2013, истите од позиција на власт не преземале ниту еден чекор за отстранување на истиот монопол за кој сега обвинуваат?

Кога веќе шпекулираат со наводен незаконски профит од 100 милиони евра годишно, дали по истата логика ДУИ додека била власт наплатила вкупно 1 милијарда евра црн кеш?

Зошто на „чесните“ од ДУИ дури во 2023 или 10 години после партнерството со Казинос Аустриа, им текнува да основаат нова Државна Видео Лотарија под името НОВО ВЛТ, каде „случајно“ во раководни органи се Прпарим Бајрами, Артин Спахиу и Омер Буњаку, тројцата блиски луѓе на Артан Груби?

Дали и каква врска има ваквата одлука за основање НОВО ВЛТ со странските ПР консултанти во кампањите на ДУИ?

Дали за интернет коцкарската платформа „Мега Вин“, Прпарим има платено 10 милиони евра?

Без одговори на овие прашања, корумпираното раководство на ДУИ нема што да бара кај Албанците. Што се однесува до нивната тактика, сакаме да им го порачаме следното.

Смешните прес конференции нема да ги спасат од правосудна одговорност сите што се огрешиле пред законите.

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина