Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: ДУИ ја призна својата вина за најголемата неправда против Албанците – пописот

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

ВЛЕН остро реагира на вчерашнотп скандалозно признание на ДУИ, кое претставува очигледно прифаќање на вината за еден од најтешките и неуставни акти против Албанците во Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот во 2021 година.


Пред очите на јавноста и медиумите, водачите на Демократската унија за интеграција признаа дека преговарале за методологијата на пописот, со која граѓаните беа вештачки поделени на „резиденти” и „нерезиденти”, со што десетици илјади Албанци беа избришани од официјалните бројки.

Али Ахмети лично призна дека преговарале, а Бујар Османи бил дел од преговарачкиот тим. Ова јасно покажува кои се вистинските виновници за оваа национална неправда.

ДУИ молчеше повеќе години, но сега е време да даде одговори.

Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот?
Кој беше валканиот политички договор што го направивте и со кого?
Зошто ја исклучивте дијаспората од одлучувањето, иако таа со децении придонесува за оваа држава?

Албанската дијаспора не е бројка што може да се тргува. Таа е дел од колективниот идентитет, институционалниот капацитет и националниот потенцијал на Албанците во Северна Македонија. Бришењето на тие луѓе е не само емоционална туку и правна елиминација на нивното постоење.

ДУИ мора да одговори: дали новите коалициски договори и заеднички листи за локалните избори се нов обид за амнестија на ова срамно дело? Дали новите партнери на ДУИ молчат, за да заборавиме на оваа национална катастрофа?

Да потсетиме: многу од оние кои беа избришани од пописот ја напуштија државата токму поради корупцијата, сиромаштијата и непотизмот што ги продуцираше ДУИ во последните две децении.

Ние од ВЛЕН нема да молчиме. Ќе има одговорност за политичарите, за директорите и за институциите што ја потпишаа оваа неправда.

Следува правдата.

Можете да прочитате

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден

Обвинител без доверба е ризик за државата