Утрински Весник
Македонија

„Влен“: Арбен Фетаи ги уништи плановите на ДУИ и заложниците на Ѓока

Vredi vlen.jpg

„Пропагандната машина на ДУИ и нејзините патерици започнаа ниска кампања на клевети и лаги против вицепремиерот, Арбен Фетаи. Криејќи се зад лажни профили и користејќи валкани методи, тие се обидуваат да ја оцрнат неговата личност и да го попречат процесот на промени што сега стана незапирлив“, велат од „Влен“.

„Овие напади докажуваат само едно: моќта на ВЛЕН ги уништи плановите на ДУИ и Таравари со кланот Ѓока. Тие се плашат од транспарентноста, од чистите раце и од нашата решеност да ги искорениме злоупотребите, корупцијата и мафијашките врски што ја држат државата како заложник две децении.


ВЛЕН има фундаментална разлика со ДУИ и нејзините патерици: Ниту еден јавен денар не е злоупотребен од нашите претставници. Нивното богатство и интегритет се отворена книга, секој цент е заработен чесно. Без компромис и без контакт со ДУИ, нашата дистанца е јасна, бидејќи секој што ќе ја допре ДУИ е извалкан од нивното морално распаѓање. Нашето донесување одлуки е слободно, невлијателно и неуценето, бидејќи нашата единствена зависност е од нашиот народ и нација, а не од олигарси и нарко-босови. Затоа, нивните напади оркестрирани од зад сцената се едноставно очај. Тие не се осмелуваат да се соочат со вистински обвинувања, факти и аргументи, бидејќи знаат дека ВЛЕН е олицетворение на чисти раце и чесна политика.

Нека клеветат со лажни профили, нека лаат нивните дигитални платеници, караванот ВЛЕН незапирливо се движи напред, градејќи иднина каде што Албанците се посилни, а не експлоатирани, иднина без ДУИ, без патерици и без заложниците на Ѓока“, се наведува во соопштението на „Влен“.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба