Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: АХМЕТИ СИ НАПИША ПИСМО САМ НА СЕБЕ! 

Ahmeti.png

Соопштение, ВЛЕН

Ахмети упорно ги потценува Албанците. Неговото писмо е стоти опозициски обид своите грешки и пропусти да ги префрли на туѓа адреса. Цели 20 години беше власт и наместо системски да ги решава правата на Албанскиот народ остави во наследство половични и недоречени акти. Тогаш кога му одговараше лажно, со гол популизам, сееше магла дека ги решил сите прашања на Албанските права, а реалноста е сосема поинаква. 


Поважно било полнењето на приватните џебови. 

Ниту тајмингот за ова писмо не е случаен. Станува збор за ново кукавичко јајце. Со старите излитени трикови Ахмети сака да подбуцнува и да ги партизира најавените протести на студентите кои бараат да полагаат правосуден испит на својот мајчин јазик. 

Наместо да си пишува писма самиот на себе треба да им одговори на студентите зошто неговиот министер Јетон Шаќири за време на својот мандат во ресорот образование дозволил Албанските универзитети според методологијата на министерството да бидат вреднувани со помал коефициент на успех и стекнато знаење од УКИМ? Зошто дозволил дискриминација на Албанските дипломци? 

Со ваквото лицемерие Ахмети како што тргнал нема да не зачуди ако самиот предизвика протести на студентите пред седиштето на ДУИ.

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина