
Соопштение на ВЛЕН:
ВЛЕН со гордост го најавува започнувањето на мерка 2.1 Вработување и раст на претпријатијата, дел од Оперативниот план за вработување, една од најконкретните, најдиректните и најмоќните иницијативи за промовирање нови вработувања и развој на претпријатијата во нашата земја.
Оваа мерка има за цел не само да создаде нови работни места, туку и да ги зајакне локалните бизниси, што е голем чекор кон посилна, пофер и поинклузивна економија!
Право на аплицирање имаат: Микро, мали и средни претпријатија; Граѓански организации заинтересирани за создавање нови работни места; Нови претпријатија основани преку Програмата за самовработување во 2024 година.
Финансиската поддршка за секој вработен е следнава: 250.000 денари за млади лица до 29 години; 220.000 денари за жени, Роми и корисници на минимална помош; 160.000 денари за вработени над 29 години кои не припаѓаат на горенаведените категории.
Корисниците мора да потпишат договор за вработување со вработениот во период од 9 до 15 месеци.
ВЛЕН продолжува да докажува дека промената не е само зборови, туку конкретни дејствија во корист на граѓаните и локалната економија.
ВЛЕН, конкретна работа за граѓаните!