Утрински Весник
Спорт

Влегувањето на Ѓоковиќ во Австралија повторно политичка тема

Влегувањето на Ѓоковиќ во Австралија повторно политичка тема

Карен Ендруз, поранешната австралиска министерка за внатрешни работи, вели дека ако му се дозволи на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен во јануари 2023 тоа ќе претставува „шамар“ за сите Австрлијци кои веќе се вакцинираа против КОВИД, со што српскиот тенисер повторно стана тема во австралискта политика.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ, кој останува на тоа дека нема да се вакцинира, пристигна во Мелбурн во јануари со медицинско оправдување, но по реакцијата на јавноста, тој беше заддржан во објект за имигранти, по што беше депортиран и му беше забранет влез во Австралија до 2025 година според австралиските закони. Оттогаш, Австралија ја тргна обврската за вакцинирање, пуштајќи американски пливачи кои не беа вакцинирани во текот на летото, а во Австралија повторно се шпекулира дека забраната за Ѓоковиќ ќе биде тргната пред стартот на гренд слем турнирот.

„Сигурно има и други луѓе кои останаа без виза поради слични услови, и зошто би се направил посебен случај за Новак Ѓоковиќ? Тоа би бил шамар за сите луѓе во Австралија кои ја направија вистинската одлука и се вакцинираа. Зошто би го пуштиле? Бидејќи е тенисер со многу милиони долари?“, вели Ендруз.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ