Утрински Весник
Економија

Власта веднаш да ги намали цените на горивата, бара СДСМ

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија.


Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата.

Зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните.

Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони.

Во ситуации како вчера кога е зголемена побарувачката, потрошувачката на дизел гориво може да надмине 2.000 тони.

14 денари по литар, колку што е зголемувањето, тоа се 450.000 евра дневно или над 3 милиони евра неделно, колку што со новиот правилник е предвидено да се менува цената.

Значи 3 милиони евра би платите граѓаните повеќе само ако не се корегира веднаш цената со оглед на падот на цените на светските берзи.

Каде завршуваат овие 3 милиони евра?

Кој има интерес од сегашното зголемување на цената? Продавачите?

Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?

Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро.

Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат.

Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот