Утрински Весник
Македонија

Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе, смета ВМРО-ДПМНЕ

Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе, смета ВМРО-ДПМНЕ

„Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тие додаваат:

„Повеќе од една недела од невремето во Делчево владата се уште нема одобрено помош, уништена е локална патна инфраструктура, голем број домови на граѓаните имаат големи материјални штети, а власта никаде ја нема.

Невреме и големи штети врз инфраструктурата и имотот на граѓаните се случија и во Крива Паланка, Прилеп, Велес, Кавадарци, ниту еден претставник на власта не отиде во ниту една од овие општини, ниту пружи помош.

Власта е целосно дезориентирана, додека работи се што не и е работа, народот мака мачи со работи кои власта треба да ги реши.

Наместо итно свикување на седница на влада и донесување на план, како за финансиска помош, така и за санација, власта е глува на апелите за помош“.

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија