Утрински Весник
Македонија

Власта е најголем подмитувач, обвинува бизнисот, се бараат и по 100.000 евра

127a55bd Resize 820x0x100.jpg

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Најчесто се обидува да го корумпира индиректно, а главно му бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци или услуги, покажа анкетата што ја спроведе Стопанската комора во март годинава, а се однесува на 2023 година.

Според истата, на пет компании им биле побарани преку 100 000 евра, а на другите од кои исто така се барале пари, 1 000 – 10 000 евра. Од некои, пак, што учествувале на тендер, се барале 6 – 10 отсто од износот на тендерот.

-Според 78 отсто од компаниите коруптивното барање дошло од централната власт, а според 22 процента, од локалната власт. Најчестиот облик на корупција биле пари, подарок или услуга, а обидот за нудење мито бил во постапка на добивање дозвола или одобрение, при инспекциски надзор, царинска или тендерска постапка, даночна, судска, катастарска,… Две третини од компаниите се соочиле индиркетно со корупција, им било дадено до знаење дека нешто се очекува. Веројатно и јавниот сектор е внимателен. Но, од 51 одговор, 31 компанија рекла дека ништо не презела. Дел велат дури и „нормално е нешто да се даде“, а многу мал дел пријавиле кај претпоставениот во јавниот сектор. Според компаниите, нема пречки за да пријават корупција, меѓутоа некои не веруваат дека ќе има каков било ефект, а некои се плашат дека тоа ќе има последици врз нивното работење. Многу малку од оние што се соочиле со корупција, пријавиле, се бројат на прсти, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Согласно анкетата, 30 проценти од компаниите сметаат дека ќе пропаднат ако не прифатат мито.

– Повеќето компании мислат дека судскиот систем е неефикасен, дека во власта има поединци кои сакаат брзо да се збогатат, дека владее морална криза во општеството, како и дека законите не се применуваат. Вкупно 42 одговори од компаниите биле дека нема ефикасна заштита за оние што пријавуваат мито, а 23 одговори рекле дека се ниски платите на службениците во јавниот сектор, што, според приватниот сектор, е една од причините зошто има корупција, истакна Јовановски.

За 83,3 отсто од компаниите корупцијата е еден од најголемите проблеми во земјата кои мора веднаш да се решат, а 96 проценти веруваат дека може да има успех во борбата против корупцијата

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ